ЕУ издвои 140 милиони евра за борба со вирусот Ебола

Од:

Европската комисија утринава објави дека ќе издвои 140 милиони евра од буџетот на Европската унија за помош на земјите во Западна Африка што во моментов се најзагрозени од вирусот Ебола, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Според официјален Брисел, овие средства се наменети за Гвинеја, Сиера Леоне, Либерија и Нигерија. Според планот за распоредување на посочените средства, 38 милиони евра од новиот пакет на ЕУ за борба со Еболата се специјално наменети за помош на помош на владите на овие земји во подобрување на здравствените капацитети, како во екот на борбата со вирусот, така и во подоцнежната фаза на опоравување.

Тоа исто така ќе овозможи поддршка и во областите како безбедност на храна, вода и санитетски услуги, кои се есенцијални во во однос на заштитата на здравјето на популацијата.

Пет милиони од вкупната сума за помош ќе бидат за обезбедување на мобилни лаборатории за детекцијана вирусот и тренинг на здравствените работници, додекаостантите 97,5 милиони евра се наменети за буџетска поддршка на Либерија и Сиера Леоне со цел задување на макро-стабилноста на земјите.

– Кризата со вирусот Ебола останува екстремно загрижувачка, не само поради очигледното влијание на здравствениот систем, но и поради тоа што ја предизвикуа економската стабилност, безбедносна на храната, водата и санитетските услуги.

Нашиот пакет покажува дека ЕУ продолжува да биде силно посветена на меѓународниот координиран одговор на кризите – исткана еврокомесарот за развој Андрис Пиебалгс.

Инаку, досега, ЕУ пледирала тотална сума од 11,9 милиони евра за помош на погодените подрачја од вирусот Ебола кој се заканува да излезе од границите на Африка и да ги загрози и останатите континенти. Според здравствените работници, 90 отсто од лицата заразени со овој смртоносен вирус, кој се шири преку директен допир со заразени лица ли нивни предмети – завршуваат со смртни последици.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски