ЕУ го одмрзнува имотот на Тунис и на Египет

Од:

Европската унија ќе го одмрзне имотот на Тунис и на Египет што го имаше блокирано додека земјите имаа диктаторски режими, се наведува во денешното соопштение од Европскиот совет.

Советот на министри за надворешни работи донесе одлука дека по Арапската пролет нема причини за замрзнување на фондовите и на недвижностите кои беа под контрола на египетскиот претседател Хосни Мубарак и претседателот на Тунис, Бен Али.

Советот не ја соопшти вкупната вредност на замрзнатиот имот.

Имотот ќе им биде достапен на новите власти во Тунис и во Египет откако одлуката за одмрзнување ќе се спроведе низ правосудните системи на земјите-членки ба ЕУ.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ