ЕУ го менува предлогот за санкции кон Русија поради приговорите за ембаргото за нафта

Од:

Два извора од Европската комисија потврдиле за Ројтерс дека предлогот за нов пакет санкции против Русија е изменет за да им се овозможи на Унгарија, Словачка и Чешка подолг период на прилагодување на забраната за увоз на руска нафта.

Според новиот, изменет предлог, Унгарија и Словачка би можеле да продолжат да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година, а Чешка до јуни истата година, под услов да не обезбеди алтернативен извор преку гасовод од јужна Европа, потврдија изворите.

Да потсетиме, Словачка и Чешка побараа ослободување од наметнувањето ембарго на руската нафта, а Унгарија отворено се противи на идејата за воведување забрана за увоз.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков