ЕУ ги усвои новите санкции против Русија, но ја одложи нивната примена

Од:

Земјите членки на ЕУ синоќа го усвоија новиот пакет санкции против Русија, но тие ќе стапат во сила дури за неколку дена, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј.

– Советот преку писмена процедура го усвои пакетот рестриктивни мерки против Русија, соопшти Ван Ромпуј, додавајќи дека санкциите ќе стапат во сила „за неколку дена“.

– ЕУ е подготвена делумно или целосно да го преразгледа усвоениот пакет, зависно од развојот на ситуацијата на терен, се наведува во соопштението на претседателот на Европскиот совет.

Амбасадорите на земјите-членки на Унијата на вчерашниот вонреден состанок по жестоката дебата донесоа одлука со „целни мерки“, со кои постоечките санкции се прошируваат на делови во руската нафтена индустрија, со забрана за извоз на оружје и некои технологии.

Дипломатски извори наведуваат дека новиот пакет ги опфаќа руските нафтени компании во државна сопственост, меѓу кои и „Газпромњефт“. На овие претпријатија ќе им биде оневозможен пристап до европскиот финансиски пазар доколку мерките бидат применети.

Освен тоа, ќе биде забарането да се извезува оружје во Русија, како и т.н. стока за двојна намена, која може да се користи и за воени и за цивилни цели.

Новите санкции опфаќаат и забрана за извоз на опрема за истражување и експлоатација на нафта, што ќе и предизвика потежок пристап на Русија до нафтените наоѓалишта во арктичкиот појас. 

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија