ЕУ ги осуди егзекуциите во Саудиска Арабија

Од:

Европската Унија ги осуди егзекуциите на триесет и седум лица кои се случија вчера во исто време ширум Саудиска Арабија.

Во текот на вчерашниот ден, триесет и седум мажи, осудени на смрт поради присвојување „терористички идеологии“ и „формирање терористички ќелии“ беа егзекутирани на свиреп начин, вклучително и распнување за еден од нив. Ова е најмасовната групна егзекуција во земјата од јануари 2016 година.

Европската Унија денеска најостро го осуди овој чин и истакна дека тој буди сомнеж дека жртвите не добиле фер судење.

-Егзекуцијата на лица кои биле малолетни кога било сторено наводното кривично дело претставува дополнително нарушување на правните стандарди. Притоа, идентитетот на повеќето егзекутирани и сомнежот за сериозноста на делата за некои од нив може потенцијално да поттикне секташки тензии кои веќе доминираат во регионот, стои во соопштението на Европската служба за надворешни работи.

Европската Унија, како и секогаш во овие случаи, потсетува дека едногласно се противи на смртната казна, во сите случаи и без никаков исклучок.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија