ЕУ апелира на засилена соработка во борбата против ИД

Од:

Европската унија синоќа повика на засилена меѓународна соработка во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), откако сунитските екстремисти го зазедоа главниот штаб на курдските сили кои го бранат сирискиот град Кобане, што се наоѓа во близина на границата со Турција.

– Сериозно сме загрижени поради безбедносната и хуманитарна состојба во Кобане и останатите делови на самопрогласениот автономен регион на сириските Курди, по трите недели жестоки борби, се наведува во соопштението на Канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон.

Во соопштението се повикуваат земјите-членки на ЕУ, Турција и „останатите регионални и меѓународни партнери на засилена соработка за изолирање и уништување на заканата што ја претставува ИД“.

– Народот на Кобане на меѓународната заедница и ја демонстрираше својата подготвеност да ги употреби сите средства за да ги заштити своите права и вредности и да пружи отпор на нападите, се потенцира во соопштението на Канцеларијата на Ештон.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски