Етингер: Делумен договор за украинскиот долг за гас кон Русија

Од:

Трилатерални преговори меѓу Европската унија, Русија и Украина за проблемот со украинскиот долг за гас кон Русија завршија со делумен договор со кој се предвидува Украина до крајот на месецот на плати две милијарди долари на „Газпром“, а до 7 јуни уште половина милијарда долари.

Тоа го соопшти синоќа во Берлин европскиот министер за енергетика Гинтер Етингер  по разговорот со рускиот министер за енергетика Александар Новак и украинскиот колега Јуриј Продан.

Етингер нагласи дека од Берлин е упатен повик украинскиот „Нафтгас“ да плати две милијарди долари на руската компанија „Газпром“ во четврток, оваа недела.

Двете земји до среда вечер треба да извршат консултации со политичките лидери и гасни компании, истакна Етингер, додавајќи дека конечен договор се уште не е постигнат.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија