ЕТА објави дека утре ќе го предаде целото свое оружје

Од:

Баскиската милитантна сепаратистичка група Баскиска татковина и слобода (ЕТА) соопшти дека утре ќе го предаде целото свое оружје, вклучувајќи ги и експлозивните направи, но предупредува дека „нејзините непријатели“ се уште би можеле да го блокираат целиот мировен процес.

Соопштението издадено во вид на писмо ги потврдува претходните најави дека ЕТА е подготвена за целосно разоружување.

Писмото е со денешен датун и во него се вели дека „по целосното предавање на оружјето на претставниците на баскиското цивилно општество, ЕТА ќе се претвори во невооружена организација“.

Групата прогласи трајно примирје во 2011 година, но одби да го предаде своето оружје. Шпанската влада тогаш реагираше со изјава дека нема да преговара со вооружени групи.

Медиумите во Мадрид различно реагираат на соопштението за целосното разоружување на ЕТА.

Според едни, станува збор збор за пропаганден потег, додека другите сметаат оти ЕТА повеќе и нема оружје по бројните рации и операции на полицијата и безбедносните сили, како во Шпанија, така и во францускиот дел на Баскија.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоидо изјави дека по предавањето на оружјето ЕТА нема да добие ништо.

– Она што групата треба да го направи, тоа е да се расформира и целосно да исчезне, изјави Зоидо.

ЕТА е создадена пред повеќе од 50 години, во времето на диктатурата на генералот Франциско Франко, како група која почна вооружена борба за независна Баскија.

Првата операција групата ја изведе во 1968 година во баскискиот град Сан Себастијан, кога е убиен локалниот шеф на шпанската тајна служба.

Во текот на изминатите речиси пет децении при напади на ЕТА загинаа повеќе од 800 лица, неколку илјади се ранети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку 13 повредени во пожар во станбена зграда во Валенсија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Валенсија

Горан Наумовски

Во Шпанија разбиен огранок на балкански нарко-картел

А1он