Ерменија одбива годинава на нејзина територија да се одржат руски воени вежби

Од:

Ерменија одби да биде домаќин на воена вежба во 2023 година на сојузот предводен од Русија. Одбивањето е поради незадоволството на Ереван од страна Москва на важната рута за снабдување на енклавата Нагорно-Карабах.

Ерменија изминатиот период покажува зголемени знаци на нетрпеливост кон својот сојузник, Русија, која ја обвинува дека не одговара на провокациите на Азербејџан во однос на Нагорно-Карабах.

Ерменија мисли дека не е соодветно да се одржи вежба оваа година на Организацијата Договор за заедничка безбедност оваа година… Таа вежба нема да се одржи, изјави премиерот Ник ол Пашинјан.

Тој додаде дека ја известил воената алијанса предводена од Москва, во која членуваат неколку поранешни советски републики. Според Пашинијан Организацијата „не ги осудува дејствијата на Азербејџан“, а Русија не ја исполнила својата задача „гарант на ерменската безбедност“.

– Ерменија очекуваше специјални акции од руските и другите партнери во областа на безбедноста. Но, на Ереван му беше кажано дека границите на Ерменија и Азербејџан не се утврдени, истакна Пашинијан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

ВИДЕО: Пожар во породилиште во Москва, на 200 луѓе се евакуирани

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Захарова: Одлуката на Германија е очигледна навреда

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин