Ерик Трамп: Путин не може нас да не тиранизира

Од:

Ерик Трамп, син на американакиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и неговиот татко нема да дозволат рускиот претседател Владимир Путин да ги „тиранизира“ и залажува.

Во интервју за лондонскиот, проконзервативен „Дејли Телеграф“ Ерик Трамп рекол дека американскиот ракетен напад врз сириската база, по тврдењето дека сириската армија има извршено напад со „хемиско оружје“ врз областа Идлиб, што е под контрола на опозициските бунтовници, покажал дека неговиот татко „не е е во врска“ со рускиот претседател.

Синот Трамп уште вели дека татко му „нема да дозволи да биде потурнуван“ од Владимир Путин и дека не е човек што би можел да биде исплашен од „ руските воинствени закани“.

-Нема никој порешителен од татко ми, доколку Русија не налути, рекол синот на американакиот претседател.

Во интервјуто за весникот, Ерик открива дека одлуката на Белата куќа и на претседателот за ракетниот напад врз Сирија, бил донесен „под влијание на сестра ми Иванка“ за која вели дека била „длабоко вознемирена“ кога разбрала за „хемискиот напад“ во кој, според наоди на сириската опозиција, настрадале осумдесетина лица.

Ерик Трамп (33) кој заедно со својот брат Доналд Трамп- помладиот го презеде управувањето со приватниот бизнис на новиот претседател на САД, ја открива и стратегијата на својот татко за односите со големите светски сили.

Тој вели дека татко му, претседател, е решен да ја изгради „најмоќната мировна воена сила“ во светот, мислејќи на САД и нејзините вооружени сили, спроведувајќи ја филозофијата на поранешниот претседател Роналд Реган за изградба на мир низ покажување цврстина и одлучност.

Според Ерик Трамп, неговиот татко има намера да изгради односи со кои ќе биде најдобриот пријател на другите суперсили (вклучувајќи ја и Русија) па затоа смета дека обвинувањата за врски со Москва се „бесмислени“.

– Сирија и она што се случи, најдобро зборува дека не постојат никакви врски со Русија, изјаву за „Дејли Телеграф“ синот на претседателот на САД, Ерик Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија