Ердоган: Замижуваат пред масакрите, западните земји паднаа на тестот во Газа, го изгубија кредибилитетот

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го впери прстот кон меѓународната заедница дека само го гледа израелскиот геноцид врз палестинскиот народ, а израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху го нарече „денешен фирер“.

„Ги гледаме оние кои безусловно го поддржуваат Израел. Оние кои денес замижуваат пред масакрите, утре ќе зажалат. Западните земји и меѓународните безбедносни институции паднаа на тестот во Газа и го загубија својот кредибилитет“, рече Ердоган на инаугурацијата на новите бродови за турската морнарица во северозападната провинција Јалова.

Тој посочи дека оние кои тврдат дека се залагаат за демократија ги игнорираат убиствата на жени, деца и бебиња во последните 105 дена, од почетокот на израелските напади, пренесува Дејли Сабах.

„Тие само мирно го набљудуваат варварството, кое прерасна во геноцид, извршено од денешниот фирер Нетанјаху и неговиот крволочен тим против Палестинците“, додаде турскиот претседател.

Ердоган истакна дека, како и во Ирак, Босна, Сирија, Јемен, Мјанмар, Сомалија и Авганистан, институциите одговорни за обезбедување на глобалната безбедност потфрлија и „претрпеа сериозно губење на кредибилитетот“.

Турскиот претседател порача дека Турција ќе продолжи со решителната борба против тероризмот „додека мочуриштето на тероризмот во Сирија и Ирак целосно не се исцеди“.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран