Ердоган со порака до папата Франциск: Треба да се запре израелскиот масакр врз Палестинците

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на воведување меѓународни санкции кон Израел со цел да се запре „масакрот“ врз Палестинците.

– Доколку меѓународната заедница не го санкционира Израел за извршено злосторство против човештвото, Палестинците ќе продолжат да бидат масакрирани, рече Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск.

Ердоган веќе неколку дена разговара со странски лидери и функционери во рамките на настојувањата да се запре големата израелска офанзива во Појасот Газа.

Како што соопшти турското претседателство, Ердоган рекол дека „израелскиот окупатор, кој го блокирал пристапот до џамијата ал-Акса и црквата на Светиот гроб (во источен Ерусалим), убива невини цивили на палестинска земја“.

– Оваа варварство исто така ја загрозува регионалната безбедност, истакна тој.

Папата Франциск вчера предупреди на „спиралата на смрт и уништување“ во конфликтите на Блискиот исток, оценувајќи дека загубите на невини животи се „ужасни и неприфатливи“.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ