Ердоган: Оние кои молчат за израелскиот терор, и самите ќе му дојдат на ред

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повтори дека Турција нема да молчи и да го прифати израелскиот прогон на Палестинците, иако поголемиот дел од светот одбира да гледа и да го игнорира крвопролевањето.

„Оние кои продолжуваат да молчат или отворено го поддржуваат крвопролевањето на Израел, треба да знаат дека и ним ќе им дојде редот еден ден“, изјави Ердоган на виртуелна средба на неговата Партија на правдата и развојот (АКП).

Тој го повика светот да им се спротивстави на израелските напади на Палестина, нарекувајќи го тоа „обврска од чест за човештвото“.

„Од највисока важност е Советот за безбедност на ООН да преземе чекори за да се врати мирот во Ерусалим, во склад со одлуките на Генералното собрание“, рече турскиот лидер.

„Со нападите врз светилиштата на сите три религии, терористичката држава Израел ги помина сите граници. Ако не ги запреме нападите сега, сите ќе станат цели на овој дивјачки менталитет“, рече Ердоган, додавајќи дека досега разговарал со 19 лидери на држави околу ситуацијата во Палестина.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски