Ердоган им се закани на џихадистите во Сирија

Од:

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган се закани со одмазда доколку џихадисти на Исламска држава ја нападнат гробницата на отоманскиот владетел, Сулејман Шах во Сирија.

-Нема да се двоумиме да одговориме доколку нешто се случи. Четириесетина наши војници се стационирани во зоната која што е турска територија-изјави тој.

Инаку Турција веќе одамна има распоредено своја војска околу гробницата на Сулејман Шах во Сирија, поради опасност од напади.

Лидерот на турската војска на војниците, кои што се задолжени за безбедноста на тоа историско место, кое се наоѓа 25 километри во сириска територија, им дозволи да отворат оган во случај на напад од ИС.

Гробницата на Сулејман Шах, дедото на Осман Први се смета за турска територија со потпишување на договорот во 1921 година помеѓу Франција, на која тогаш и припаѓала оваа територија и Турција.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Озел: Секој кандидат може да го победи Ердоган на изборите