ЕПП бара од Јункер да именува и комесар за европска историја и жртвите на тоталитарните режими

Од:

Група на пратеници на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, денеска упатија апел до новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во идниот Колеџ на комесари еден еврокомесар да работи и на прашања поврзани со европската историја и сеќавање на жртвите на тоталитарните режими.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со образложение дека европскиот проект се базира на заедничките вредности на демократијата, вистината и помирувањето, најбројната група во Европскиот парламент ја истакна потребата да се зголеми јавната свест за прашања од европската историја и злосторствата што биле извршени за време на владеењето на тоталитарните режими. Европските демо-христијани веруваат дека европските институции, особено Европската комисија треба да го охрабри спроведувањето на дебата за причините и последиците од тоталитарните власти на европскиот континент.

Во писмото до Жан-Клод Јункер, партијата што го кандидираше на местото наследник на Жозе Мануел Барозо му порачува дека „иако тоа не е историски или емоционален проблем, сепак, тој пред се е вистински и универзален заинтеграција на Европа”. Па, така, на иницијатива на европратениците Андреј Пленковиќ (Хрватска), Туне Келам (Естонија) и Сандра Калниете (Летонија), со поддршка на претседателот на групата на ЕПП во Европарламентот, Манфред Вебер и дваесет членови на оваа група, вклучувајќи ги сите хрватските пратеници во ЕП: Дубравка Шуица, Иво Штиер, Ивана Малетиќ и Маријана Петир.

– Јас длабоко верувам дека европскиот проект може да се гради само врз основа на вистината и помирувањето. Европскиот парламент веќе ги осуди злосторствата на тоталитарните режими. Но, сепак, ние сме сведоци на релативизација на кривичните дела, особено во некои земји од Централна и Источна Европа. Затоа за новиот состав на Европската комисија е потребно постојано да се занимава со ова прашање и да се поддржат проекти кои се однесуваат на промоција на европската меморија и совест и вели европратеникот Пленковиќ.

Во својата резолуција „За еворпската совест и тоталитаризмот”, Европскиот парламент на 2 април 2009 година нагласи дека целта е да се расветлуваат и проценат злосторствата извршени од страна на властите во комунистичките тоталитарни режими и дека помирувањето може да се постигне само со признавање на одговорност и барајќи прошка и поттикнување на моралното обновување.

Со цел да се постигне целта на кои е фиксирана оваа Резолуција на Европскиот парламент од 2009 година, претставниците на Европската народна партија веруваат дека е од суштинско значење новата Комисија, под раководство на претседателот Јункер, да именува еден комесар или комесар што во своето портфолио ќе стави и прашања поврзани со европската историја и меморија.

„Платформа на европското сеќавање и совеста” вклучува, меѓу другите, 42 институти и организации од 13 земји на ЕУ, неколку соседни земји и САД и истата е со цел промовирање на превентивни мерки против нетолеранцијата, екстремизмот, анти-демократското движење и враќање кон тоталитаризам во иднина.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски