Епидемијата во Германија може да биде под контрола до крајот на летото, вели првиот човек на „Бионтек“

Од:

Професорот по медицина и коосновач на компанијата „БиоНТек“, Угур Шахин, предвидува дека новите случаи на коронавирус во Германија „ќе покажат значителен пад кон крајот на мај или почетокот на јуни“, како резултат на вакцинацијата.

Од средината на март, според неговата прогноза, стапката на смртност кај првично вакцинираниот постар дел од популацијата треба да се намали.

– До крајот на летото треба да ја ставиме пандемијата под контрола, доколку доволно луѓе се одлучат да се вакцинираат. Ова не значи дека нема да има нови инфекции, но повторно ќе можеме да водиме нормален живот, вели во интервју за „Шпигел“ Шахин, чија компанија произведува вакцина заедно со американскиот гигант „Фајзер“.

Тој се согласува дека луѓето со текот на времето можеби ќе треба да земат и трета доза на вакцина против коронавирус.

На прашањето од „Шпигел“ дали третата доза ќе биде неопходна најдоцна следната година, Шахин одговори дека вакцинацијата може да се спроведува на секои две години, што е прилагодено на различните варијанти на вирусот.

– Слично на грипот. Тоа е можеби новата нормалност за нас, рече Шахин.

Администрацијата на германскиот претседател објави дека на Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туреџи ќе им биде доделен Големиот крст на заслуги, највисокото германско признание.

Церемонијата ќе се одржи на 19 март во палатата Белви и на неа ќе присуствува претседателот Франк Валтер Штајнмаер.

Би можело да ве интересира

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Напаѓач со нож уби маж и дете, а рани неколкумина во Германија

Горан Наумовски

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени