ЕП: За Украина и за Модавија кандидатски статус без одлагање

Од:

Европскиот парламент повика Украина и Молдавија „без одлагање“ да добијат статус на кандидат за ЕУ, нагласувајќи дека конечниот пристап зависи од спроведувањето на реформите и исполнувањето на критериумите. Со 529 гласа „за“, 45 „против“ и 14 воздржани, пратениците усвоија резолуција со која ги повикуваат лидерите на земјите,кои се состануваат денеска и утре на дводневниот самит во Брисел, да и доделат статус на Украина и Молдавија кандидат за членство во ЕУ „без одлагање“.

Европратениците сметаат дека истото треба да се направи и со Грузија кога ќе ги заврши неопходните реформи. Во резолуцијата велат дека потегот ќе покаже лидерство, решителност и визија, нагласувајќи дека проширувањето е во интерес на самата Европска унија.

Се повикуваат властите на трите земји „недвосмислено да ја покажат својата политичка определба за спроведување на европските амбиции на своето население“ со забрзување на реформите и исполнување на критериумите за членство во ЕУ што е можно поскоро.

Не постои „забрзан пат“ кон ЕУ и пристапувањето се заснова на заслуги и структуриран процес кој бара исполнување на критериумите и ефективно спроведување на реформите, нагласија европратениците.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите