Енрике Каприљас ја обвини власта дека ја украла победата на изборите

Од:

Венецуелскиот опозициски лидер Енрике Каприљас, кој беше поразен на претседателските избори на 14 април, ја обвини Владата дека ја украла победата од гласањето.

Со минимална предност на изборите победи Николас Мадуро, наследникот на Уго Чавес.

– Вие ја украдовте изборната победа, тоа е вистината. Вие го омаловаживте изборниот процес и треба да им објасните на народот и на светот, изјави Каприљас на прес-конференција, изразувајќи сомнеж за резултатите од денешното повторно пребројување на гласовите од изборите.

Парламентот на Венецуела, пак, започна истрага против Каприљес во врска со смртта на девет демонстранти и повреда на десетици лица, откако опозицискиот протест поради изборот на Мадуро прерасна во насилство.

Според властите, со ова насилство се покажува дека опозицијата и делумно Каприљас планирале државен удар. Тимот на опозицискиот лидер ги отфрли ваквите тврдења.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски