Емирот на Кувајт , шеикот Сабах ал Ахмад ал Џабер ал Сабах го распушти денеска Парламентот.
Со оваа одлука, која беше очекувана за политичките набљудувачи, почна процедурата за парламентарните избори.
Парламентот на Кувајт се распушта по шестти пат од 2006 година. Законодавното тело беше распуштено и во текот на јуни од Уставниот суд поради формални технички причини.
Откако наредбата за распуштање на Парламентот беше укината, тој не можеше да продолжи со работа поради бојкотот на пратениците.