Емануел Макрон го поздравува „историското единство“ на Европејците пред Самитот во Версај

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ја поздрави „брзината“ на донесување одлуки и „историското единство“ што го покажаа Европејците по инвазијата врз Украина. Изјавата ја даде при средбата со холандскиот премиер Марк Руте во пресрет на Самитот на ЕУ. Унија на Версај, јави дописникот на МИА.

Оваа „војна на европско тло (…) бара од нас да направиме уште повеќе и да ги минимизираме последиците на краток и среден рок“, изјави францускиот претседател за време на изјавата пред работниот ручек со Марк Руте и неколку француски и холандски министри.

Неформалниот самит на 27-те земји од Унијата, утре и задутре во Версај „ќе се одржи во особено тежок и трагичен контекст, а тоа е оној на агресијата врз Украина од страна Русија“ на 24 февруари, подвлече тој.

-Во текот на изминатите две недели, европската координација беше многу блиска, со историска брзина и единство (…) во близок контакт со другите земји-членки на НАТО и земјите од Г7, рече Макрон.

За Марк Руте, „главната порака“ на самитот „мора да биде онаа на обединета ЕУ соочена со агресијата“, „брутална и безмилосна“ од Русија, но и „сфаќање дека е свртена страница во нашата историја и дека ние мора поблиску да соработуваме во НАТО и во ЕУ за да ги заштитиме нашите земји“.

Тој ги „поздрави“ директните контакти на Емануел Макрон со неговиот руски колега Владимир Путин „за да се обиде да постигне деескалација на тензиите“.

Марк Руте, исто така, оцени дека „не е можно“ ЕУ да го запре увозот на гас и нафта, како што одлучија САД. „Влогот“ не е „ист“ за Европејците како и за Американците, кои „не зависат од рускиот увоз“ за нивното снабдување со енергија, подвлече и портпаролот на француската влада Габриел Атал на крајот од Министерскиот совет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили