ЕМА го одобри лекот против Ковид на Фајзер за пациенти со висок ризик

Од:

Регулаторот на Европската унија за лекови денеска го одобри лекот против Ковид-19 на Фајзер за лекување возрасни лица изложени на ризик од тешка болест.

dobivaj vesti na viber

Условното одобрување на Европската агенција за лекови (ЕМА) им дозволува на земјите-членки на ЕУ да го воведат лекот откако регулаторот даде упатства за негова итна употреба кон крајот на минатата година.

Италија, Германија и Белгија се меѓу ретките земји од ЕУ кои го купија лекот наречен Паксловид.

Соединетите Американски Држави во декември ги одобрија Паксловид и Мерк, кои се слични на лекот Молнупиравир.

Лекот Мерк исто така се разгледува во ЕУ, но потребно е повеќе време да се одобри бидејќи компанијата ги ревидираше податоците од тестовите во ноември велејќи дека лекот е значително помалку ефикасен отколку што се мислеше.

Овие орални лекови, особено оние на Фајзер, се сметаат за ветувачки нови опции за третман што може да се земаат дома на почетокот на симптомите на Ковид-19 за да се спречат хоспитализација и смртни случаи.

Според податоците од клиничкото испитување на компанијата, Паксловид е антивирусен режим со два лека, речиси 90 отсто ефикасен во спречувањето на хоспитализација и смрт на пациенти со висок ризик за тешки болести.

Неодамнешните лабораториски податоци укажуваат дека лекот ја задржал својата ефикасност против варијантата Омикрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јапонија ги отвара границите, но само за „пробни“ туристички тури

Ана Ололовска

Во САД од Ковид-19 починале еден милион луѓе

А1он

Епидемијата на коронавирусот во Шангај под контрола

А1он

Задолжително носење заштитна маска на летовите од и кон Германија

Ана Ололовска

Ким ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лекови за Ковид-19 во Пјонгјанг

Ана Ололовска

Градските власти во Шангај презентираа распоред на активности за постепено враќање на животот во нормала

Ана Ололовска