Елиас Хава: Чавес се бори за својот живот

Од:

Венецуелскиот претседател Уго Чавес, кој не се појавил во јавноста повеќе од еден месец, откако беше подложен на четвртата операција од рак во Куба, се бори за својот живот, изјави поранешниот вицепретседател Елиас Хава, цитиран од француските медиуми.

-Ситуацијата во целина е сложена и деликатна, но вистината е дека Уго Чавес се бори и ќе продолжи да се бори за својот живот, рече тој на средба во Каракас на владеачката Социјалистичка партија.

Хава, кој беше вицепретседател на Венецуела од јануари 2010 до октомври минатата година, претходно вчера на митинг во престолнината, организиран во знак на солидарност со Чавес, соопшти дека претседателот е жив и ќе се бори за целосно заздравување.

Слични демонстрации беа организирани во уште неколку венецуелски градови и истите беа пренесувани директно на државната телевизија.

Венецуелската влада во коминике соопшти дека здравствената состојба на претседателот е променета на подобро и дека белодробната инфекција, која тој ја добил, сега е под контрола, пренесоа агенциите.

Чавес е во свесна состојба, се посочува уште во текстот од коминикето на владата.

Здравствената состојба на претседателот се оценува како деликатна.

Чавес (58), кој со Венецуела управува веќе 14 години, и во октомври беше реизбран на функцијата, на 10 јануари не беше во можност да ја положи заклетвата за новиот мандат.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски