Електричен автобус излета од пат во Венеција, 15 повредени

Од:

Петнаесет лица се повредени синоќа во автобуска несреќа во венецискиот кварт Местре во северна Италија, нешто повеќе од една недела откако 21 лице загина во друга автобуска несреќа. Полицијата соопшти дека електричниот автобус излетал од патот на кривина и удрил во станбена зграда.

Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, во објава на социјалните мрежи рече дека користењето на сите автобуси на Ла Линеа во регионот на Венеција „веднаш ќе биде суспендирано“. Возилото кое учествуваше во фаталната несреќа на почетокот на овој месец беше исто така автобус на Ла Линеа.

На почетокот на оваа недела, канцеларијата на италијанското државно правобранителство отвори истрага против генералниот директор на Ла Линеа и двајца функционери на градскиот совет одговорни за одржување на мостовите и патиштата по фаталната несреќа на 3 октомври, кога туристички автобус излета од надвозник и се запали. Тогаш загина и еден хрватски државјанин.

Возилото превезувало туристи од историскиот центар на Венеција до кампот во блиската Маргера. Обдукцијата направена врз 40-годишниот возач покажала дека тој е здрав, по првичните шпекулации дека можеби онесвестил.

Според пишувањата на италијанските медиуми, возачот на автобусот кој во саботата влетал во зградата изгубил контрола поради здравствени проблеми. Како и повеќето патници и тој побегнал со релативно полесни повреди.

Би можело да ве интересира

Венеција почнува да им наплаќа на туристите за влез во градот

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов