Екстремна зима стигнува на северот на Европа

Од:

Рекордното топење на артичкиот лед во текот на летото, би можело да доведе во северниот дел на Европа, екстремно ладна зима, која би ги зафатила скандинавските и балтички држави како и островското кралство Велика Британија.

Британскиот весник „Гардијан“ ја пренесува изјавата на Џенифер Франсис, од американскиот универзитет Рутгерс, која наведува дека северниот дел на Европа го чека многу тешка зима, откако во летниот период, морскиот лед дошол до многу тенко ниво. Тоа било случај и во 2007-та и 2011-тата година„.

Оваа година топењето на ледот го срушило рекордот од 2007-та година, и тоа за површина која е поголема и од онаа на сојузната држава Тексас. Научниците од Колорадо, се загрижени бидејќи верувале дека ќе пројдат многу години додека повторно ледот се топи го голема брзина како во 2007-та година.

До сега незабележано било вакво ширење на Артичкиот океан. Топлината од водата ќе мора да биде ослободена во атмосферата, за д аможе оваа есен ледот повторно да се формира. Оваа топлина и водена пара ќе има големо влијание на воздушните маси кои се многу важни за сите, особено за ветровите кои дуваат од запад на исток помеѓу ладниот Арктик и топлите средни геогравски ширини.

Научниците признаваат новите временски улови ги донеле на потполно нова и неиспитана научна средина, која допрва треба да ја откриваат.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Почнува летното сметање на времето

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи