Експлозија одекна денеска во Универзитетот во Алепо. Според западни медиуми, во инцидентот има петнаесет жртви. Сирискиот центар за набљудување на човекови права соопшти и за десетици ранети.
Сириската телевизија во извештајот за нападот ги обвини „терористите“.
Алепо е најголемиот град во северна Сирија и економски главен град на државата. Универзитетот се наоѓа во реон контролиран од режимот на Башар Асад