Експлозија на автомобил-бомба во Сирија, има загинати

Од:

Турското Министертство за одбрана соопшти дека денеска при експлозија на автомобил-бомба загинале најмалку осум цивили во североисточниот дел на Сирија, во близина на градот Тал Абијад, кој е под контрола на Турција.

Министерството наведе дека 20 лица се повредени во нападот, обвинувајќи ги за тоа сириските курдски сили.

На 9 октомври Турција започна воена операција во североисточниот дел на Сирија против курдските Сили за заштита на народот, кои Анкара ги смета за терористичка организација и сириски огранок на Курдската работничка партија (ПКК).

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски