Експлозии во Киев, голем напад на Одеса, сирени во речиси цела Украина

Од:

Утрово Русија изврши голем ракетен напад врз Одеса, пренесува Гардијан. Кабинетот на претседателот Зеленски и шефовите на регионалните администрации ги потврдија нападите врз критичната инфраструктура во Одеса и Днепар.

Официјални лица рекоа дека системи за противвоздушна одбрана работат во Киев и Днепар за соборување на дојдовните проектили. Според неофицијални информации, експлозии се слушаат и во неколку други градови, кои очигледно потекнуваат од системот за противвоздушна одбрана.

Се чини дека ова е уште еден напад врз украинската енергетска инфраструктура. Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, утринава изјави: „Непријателот мисли дека ќе ја ослабне нашата одбрана со удар на енергетската инфраструктура. Тоа е наивна тактика на кукавици и губитници, но ние сме подготвени на тоа“.

„Украина веќе претрпе исклучително тешки удари, кои ги немаа резултатите на кои се надеваа руските кукавици. Нема да успеат, ние ќе ги згазиме“, додаде Јермак.

Украинската агенција Интерфакс јавува, повикувајќи се на украинскиот премиер Денис Шмихал, дека Русија со ударите од утринава ја гаѓа украинската инфраструктура за производство на гас и фабриката за ракети.

Кирило Тимошенко, заменик-шеф на канцеларијата на Зеленски, рече дека неколку експлозии одекнале во центарот на Днепар. Оштетени се два инфраструктурни објекти, а најмалку едно лице е повреден.

Гувернерот на киевската област Олексеј Кулеба изјави дека противвоздушната одбрана гаѓа цели во регионот.

Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област.

Исто така, сирените се огласија и во Запорожје и Херсон, кои се под контрола на Киев.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков