Експертите бараат од СЗО нова истрага за потеклото на Ковид-19

Од:

Група од 26 експерти упати писмо до Светска здравствена организација со кое бара нова истрага за пандемијата со Ковид-19 откако, како што наведуваат, досегашната истрага не исклучила ниту една теорија за настанокот на вирусот.

Еден од авторите на писмото, Николај Петровски од австралискиот Универзитет Флиндерс во Аделаида, истакна дека и покрај истрагата на СЗО во Кина во јануари светот нема повеќе сознанија за потеклото на Ковид-19 отколку пред една година.

Во писмото експертите наведуваат и дека мисијата на СЗО немала мандат, независност или соодветен пристап за спроведување на целосна и неограничена истрага на сите теории.

– Сите можности и понатаму се на маса и уште не сум видел ниту еден независен научен податок што исклучува која било од нивв, посочи Петровски.

Во јануари тим научници избрани од СЗО ги посети болниците и истражувачките институти во кинескиот град Вухан, каде првпат беше идентификуван Ковид-19. Научниците беа криикувани дека премногу се потпираат на кинеските податоци, а дел од научниците изјавија дека Кина не сакала да ги сподели клучните податоци кои би укажале дека Ковид-19 циркулирал месеци пред да биде препознаен.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски