Експерти проучуваат зошто СЗО бавно реагирала на кризата со ебола

Од:

Независна експертска група, која проучува што не било во ред во реакцијата на Светската здравствена организација кон кризата со еболата, денеска соопшти дека се уште не е јасно зошто поминало толку време додека организацијата преземе дејствија.

Епидемијата од ебола ги однесе животите на над 11.000 лица.

Експертите во својот прв извештај истакнаа дека се уште не е јасно зошто раните предупредувања „не довеле до егективен и соодветен одговор“.

Според нив, СЗО има потреба од „длабока и значителна организациска промена“.

Вирусот и понатаму се шири во западноафриканските држави Гвинеја и Сиера Леоне.

СЗО од 6 мај досега регистрирала 59 смртни случаи од вирусот во Западна Африка и 129 нови заразени лица. 

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа