Експерти предупредуваат да не се брза со обновувањето на Нотр Дам

Од:

Околу 1.100 архитекти и експерти за одржување на културно наследство го повикаа францускиот претседател Емануел Макрон да овозможи доволно време за увид во ситуацијата со оштетувањата на катедралата Нотр Дам, со цел да се гарантира добар резултат од работењето при реконструкцијата на париската катедрала.

Тие во колумна објавена во весникот „Ле Фигаро“ побарале од Макрон пред да носи какви било одлуки за иднината на градбата, да им овозможи на експертите и историчарите доволно време „за дијагноза“.

Експертите предупредуваат на политичката замисла, која е заснована набрзина, и затоа бараат промислен и етички пристап кон работите.

Француската Влада минатата недела претстави предлог-закон, кој ќе им овозможи на работниците во врска со обновувањето на Нотр Дам да прескокнат еден дел од процедурата. Макрон, пак, претходно како цел за реконструкција на катедралата постави само пет години, што од страна на некои експерти е оценето како невозможно.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски