Експерти на ОН: Со тестирањето на ракетата „Емад“ Иран ги прекрши реолуциите на СБ

Од:

Со пробното лансирање на ракетата „Ема“, што може да носи нуклеарна боева глава, во текот на октомври, Иран ги прекрши резолуциите на Советот за безбедност на ОН за иранската нуклеарна програма, заклучи Панелот од експерти кои го надгледуваат почитувањето на санкциите кон Техеран.

Како што јавија американските медиуми, Панелот на експерти за Иран при Советот за безбедност на ОН во својот извештај наведува дека нивната анализа покажала оти ракетата може да носи нуклеарно оружје.

– Од темелната анализа заклучивме дека лансирањето на рекатата „Емад“ претставува кршење на членот 9 на Резолуцијата 1929 на Советот за безбедност на ОН, се наведува во извештајот, во кој се бара од американскиот Конгрес да се заложи за засилување на санкциите против Техеран.

Веднаш по иранското тестирање на ракетата со среден дострел „Емад“, Белата куќа соопшти дека не исклучува преземање дополнителните мерки против Иран.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел