Експерт на СЗО тврди дека следуваат уште три тешки месеци, но крајот на пандемијата е на повидок

Од:

Специјалниот пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 Дејвид Набаро изјави дека епидемијата на коронавирусот ќе создаде многу тешка ситуација во следните три месеци, „но можеме да кажеме дека крајот е на повидок“.

Во интервју за Скај њуз, Набаро изрази стравување дека сме принудени на маратон со вирусот и оти не постои вистински начин да се каже дека сме на крајот, туку само дека се гледа крајот.

– Сè уште не сме стигнале до таа точка, а пред да дојдеме до неа, ќе има уште тешкотии, рече Набаро, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“.

Експертот на СЗО потврди дека коронавирусот продолжува да се развива и најави појава на нови варијанти и по омикрон.

– Ќе биде тешко уште најмалку во следните три месеци, рече Набаро и потсети дека коронавирусот се појавува во амплитуди – почнува драматично да се шири, потоа стивнува, а потоа повторно се шири периодично на секои три или четири месеци.

– Тешко е да се предвиди однесувањето на вирусот во иднина врз основа на однесувањето во минатото. Да се живее со Ковид-19 значи да се биде во можност да се подготвиме за овие амплитуди и да реагираме навистина брзо кога ќе се случат. Мораме да го почитуваме вирусот, а тоа значи дека треба да имаме навистина разработени планови како да се справиме и да се бориме со епидемиолошките бранови, рече Набаро.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски