Ексамбасадорот на Ватикан во Франција, кој „пипкал“ петмина мажи, доби условна казна

Од:

Поранешниот амбасадор на Ватикан во Франција, Луиџи Вентура, денеска во Париз е осуден на условна казна затвор од осум месеци поради сексуален напад врз петмина мажи во 2018 и 2019 година, додека ја извршувал својата дипломатска должност.

Кривичниот суд во Париз го прогласи поранешниот свештеник, кој сега има 76 години, за виновен по сите обвиненија, по што тој треба да плати 13.000 евра за нематеријална штета и 9.000 евра за судски трошоци.

Аферата што изби во февруари 2019 година, меѓу бројните католички сексуални скандали, ja принуди Светата Столица да го укине имунитетот од апостолскиот нунциј, прв ваков случај во модерната историја на Ватикан, пренесува Дојче веле.

Истрагата започна по извештајот на градското собрание на Париз, кога еден од вработените се пожалил дека во три наврати, за време на церемонијата, кардиналот го допирал по задникот.

Потоа уште четворица мажи пријавија слично однесување на Луиџи Вентура во периодот помеѓу јануари 2018 и февруари 2019 година.

Би можело да ве интересира

Уште една инфлуенсерка го обвини раперот за сексуално злоставување

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

81-годишник сексуално злоставувал дете, се бара притвор

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан