Екс шеф на воениот комитет на НАТО ја пофали Русија за интервенцијата во Сирија

Од:

Руските бомбардирања на противниците на режимот на претседателот Башар ал Асад помогнаа да се овозможи мировниот процес, смета пензионираниот началник на генералштабот на германската армија и екс шеф на воениот комитет на НАТО Харалд Кујат.

„Со својата интервенција Русија го овозможи мировниот процес“ вели Кујат за весникот „Пасау Нојер Пресе“. Според него сирискиот конфликт бил без можност за решение до септември 2015 година кога во него се вмеша Русија. „Ниту Американците ниту Европејците немаа стратегија за мир во Сирија, ниту беа подготвени за воен ангажман во земјата“, смета генералот за кога Русија со воената интервенција создаде можност за политичко решение.

Кујат тврди дека без руската интервенција режимот на Асад за неколку недели ќе паднел и Исламската Држава ќе ја преземела власта во земјата по што тие ќе започнеле напади на Либан и Израел, кои што би имале големи последици за Германија и за целата западна алијанса.

Пензионираниот генерал ги отфрла тврдењата на западните влади според кои Русија намерно ги влошува состојбите со цивилите во Алепо каде Москва им помага на силите не Асад, што според голем број западни фактори може да го зголеми бранот бегалци кон Европа.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Во сложениот геополитички контекст во Европа мораме да бидеме одговорна членка на НАТО

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

НАТО и се закани на Кина

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР