Екс-романскиот премиер Настасе се обиде да се самоубие

Од:

Адријан Настасе, поранешниот романски премиер се обиде да се убие со пиштол. Не можеше да го издржи товарот дека две години треба да мине во затвор, поради нелегално трошење на пари во изборната кампања за претседателските избори.

Настасе посегнал по животот кога двајца полицајци дошле кај него за да го уапсат.

Најпознатиот романски политичар, по ранувањето во врат со пиштолот, бил пренесен во болница и опериран.

Настасе , за време на седумгодишниот процес, тврдеше дека е невин, а обвин ението го товари дека на нелегален начин внел во партикста каса за изборите во 2004 година околу 1,6 милиони евра

Сега 61-годишниот настасе беше премиер во периодот од 2001 до 2004 година. Учествуваше на претседателските избори во Романија во 2004 година, но загуби од Трајан Басеску.

Поранешниот премиер беше принуден во 2006 година да поднесе оставка од својата позиција претседателот на романскиот парламент и лидер на Социјалдемократската партија.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет