Еколошки протести во 60 градови ширум светот

Од:

Активисти против климатски промени денеска во 60 градови низ целиот свет го блокираат сообраќајот, банките, министерствата и трговските центри за да предупредат на „климатската и еколошка катастрофа што ни се заканува на сите“.

Стотици демонстранти ги блокираа патиштата во австралиските градови денеска наутро. Во Сиднеј полицијата уапси 30 демонстранти за одбивање да се симнат од патот кај главната железничка станица, јави ДПА. Слични, но мирни протести се одржаа во Мелбурн и Бризбејн.

Триесет активисти се уапсени и во главниот град на Нов Зеланд, каде стотици луѓе блокираа големи патишта, министерства, па дури и влегоа во банката АНЗ за да им порачаат да се откажат од поддршката за фосилни горива.

Британската полиција денеска превентивно уапси 10 активисти под сомнение дека го загрозуваат јавниот ред,

Демонстранти денеска излегоа и на улиците на Париз и Амстердам.

Во Франција блокираа влегување во трговски центар, „симбол на капитализмот“, прогласувајќи ја операцијата „последна окупација пред крајот на светот.

Стотици активисти ги блокираа улиците на централниот дел на Амстердам и покрај полициската забрана. Протести се најавени и се одржуваат во Аргентина, Шпанија, САД, Ирска, Индија и Јужна Африка.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска