ЕК: Земјите од ЕУ недоволно им помагаат на Србија, Хрватска и Словенија

Од:

Европската комисија денеска предупреди дека е мал бројот на земји-членки на ЕУ кои одговориле на барањата на Србија, Хрватска и Словенија за хуманитарна помош и згрижување на бегалците.

Србија, Словенија и Хрватска го активираа Механизмот за цивилна заштита за да добијат помош во борбата со бегалската криза, потсетува ЕК.

Механизмот обезбедува различни видови помош, како што е испраќање стручни тимови, доставување опрема, обезбедување засолништа и медицинска помош.

– Досега само неколку земји-членки одговорија на повиците, а голем број средства се уште мора да се обезбедат за Србија, Словенија и Хрватска, со цел да се реши моментната ситуација, се наведува во извештајот на Комисијата.

ЕК потсети дека се усвоени мерки за распределба на 160.000 бегалци, кои значително ќе го намалат притисокот врз најзагрозените членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје