ЕК: Процесите на проширување на ЕУ продолжуваат како порано

Од:

Европската Комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот за сега останува ист, јавува дописничката на МИА од Брисел.

По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската Комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.

-Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот Совет, ќе чекаме да видиме што има а ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески