ЕK повика на здружување и против дискриминација на Ромите

Од:

По повод меѓународниот ден на Ромите Европската комисија денеска ги повика државите од ЕУ да вложат дополнителни напори за здружување и против дискриминацијата на ова малцинство.

Во заедничка изјава на еврокомесарите за правда, Вивиан Рединг, и за социјални прашања, Ласло Андор, се посочува дека подобрувањето на положбата на Ромите е еден од главните предизвици пред ЕУ. Двајцата цитираат податоци на Светската банка, според кои целосното здружување на Ромите на европските економии би им донело по половина милијарда евра годишно.

Комесарите соопштуваат дека во следните два месеца ЕК ќе го оцени напредокот врз националните програми за ромска интеграција.

Во соопштението на ЕК се забележува дека во Бугарија и Романија секој четврти или петти новодојденец на пазарот на трудот е Ром.

Комисијата препорачува да се применат такви мерки на пазарот на трудот што ќе помогнат во проширувањето на можностите на Ромите и ќа им обезбадат еднакво учество во општеството.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ