Египет со предлог од три точки за примирје во Појасот Газа

Од:

Египет синоќа предложи привремен прекин на огнот како прв чекор за прекин на најновиот израелско-палестински судир, во кој досега животот го загубија 175 лица, а над 1.200 се ранети.

Египетското Министерство за надворешни работи објави план во три точки, што треба да почне со 12-часовен прекин на огнот од страна на Израел и Хамас. Потоа следи отворање на граничните премини и преговори во Каиро меѓу двете страни.

Неименуван израелски воен претставник во Тел Авив изјави дека околу египетскиот предлог ќе одлучува денеска Советот за безбедност на Израел.

Претставник на Хамас изјави дека обидите за постигнување договор за прекин на огнот меѓу Израел и ова палестинско движење се во тек, но дека се уште нема никаков договор. – Се водат разговори и има обиди да се постигне договор за примирје, но досега тоа не се случи, истакна претставникот.

Израел бара гаранции за подолг период на примирје, а Хамас се залага за целосен прекин на израелско-палестинската блокада на Појасот Газа.

Од друга страна, военото крило на Хамас, Бригадите Изедин ал Касам го отфрли предлогот, оценувајќи го како капитулација.

– Станува збор за капитулација и не го отфрламе (предлогот) без размислување, наведе во соопштение оваа милитантнта група, заканувајќи се при тоа со дополнителна ескалација на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно