Едно лице загина во земјотерсот во Кина

Од:

Едно лице загина и 60 се повредени во денешниот земјотрес во југозападната кинеска провинција Сечуан, соопштија 
локалните власти.

Потресот бил со јачина од 5,9 степни според Рихтеровата скала и епицентар на 40 километри од градот Кандин, на длабочина од 18 километри, покажуваат податоците на американскиот Институт за геофизика.

Кинеските власти, меѓутоа, јачината на ударот ја утврдија на 6,3 степени. Француските медиуми наведуваат дека Кина користи различна скала од САД. 

Зградите во провинцијата силно се нишале од потресот, а жртва е возрасна жена врз која се урнале искршени стакла.

Сите повредени се префрлени во болница, а тројца од нив се наоѓаат во критична состојб

а, пренесе кинеската агенцика Ксинхуа.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он