Eдно лице загина, а повеќе од 20 се повредени откако грчки автобус удри во бариера во Букурешт

Од:

Автобус со 47 грчки патници денеска удри во бариера за ограничување на висината во Букурешт, при што едно лице загина, а повеќе од 20 се повредени.

Несреќата се случила во центарот на Букурешт околу 13.30 часот, соопштија властите.

Началникот на романскиот оддел за итни случаи, Раед Арафат, изјави за новинарите дека 22 патници биле префрлени во болници, а дека еден се уште е во критична состојба, пренесува АП.

Романското Министерство за здравство соопшти дека некои патници се уште се заглавени во автобусот и дека 10 екипи на брзата помош биле испратени да пружат итна медицинска помош. Сите патници, вклучувајќи го и возачот, се грчки државјани, пренесува АП.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја стресе Романија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се судрија два авиони на Wizz Air, снимен моментот на несреќата

Ана Ололовска

12 лица се повредени во железничка несреќа во Романија

Втор земјотрес го погоди градот Таргу Jиу во Романија

Горан Наумовски

Нов земјотрес во Романија

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес во Романија