Една жена загина и 57 луѓе се ранети во експлозијата во католичка црква во Аруша, северна Танзанија.
Архиепископот Франсиско Монтесиљо Падиља, пратеник на Ватикан бил на отворањето на црквата кога се случила експлозијата, но не е повреден. По инцидентот уапсен е еден човек.