Најмалку 11 лица загинаа при експлозија во автобус, кој превезувал припадници на туниската претседателска гарда, на главната улица во Тунис, соопшти туниското Министерство за внатрешни работи.
Туниската национална телевизија Ватања објави дека експлозијата се случила на булеварот Мухамед Петти во центарот на главниот град на Тунис.