Еден загинат и 35 повредени при судар на два воза во Швајцарија

Од:

Едно лице загина, а 35 други се повредени синоќа при директен судар на два воза во швајцарскиот град Гранж-пре-Маран во кантонот Во, соопшти локалната полиција.

Според полициски извори, загинатиот е машиновозачот на еден од возовите, чие безживотно тело е пронајдено во кабината на неговата локомотива.

Расчистувањето на пругата продолжува и денеска. Собраќајот на пругата меѓу градовите Палезијо и Пајерн, како што соопшти претставник на локалната противпожарна служба, ќе остане во прекин се до целосното отстранување на остатоците од двата воза.

Несреќата се случи синоќа во 19 часот кога два воза, кои се движеле во спротивни насоки, кон и од Лозана, се судриле дирекно еден во друг. Причините за несреќата се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски