Ед Милибанд ги повика лабуристичките гласачи да гласаат против Брегзит

Од:

Поранешниот лидер на британските лабуристи Ед Милибанд ги повика денеска лабуристичките гласачи, на референдумот од 23 јуни да гласаат против излегувањето на Британија од ЕУ.

„Ги повикувам оние девет милиони гласачи кои се определија да гласаат за промените што ги нудеше Лабуристичката партија (на изборите во мај 2015 година), кои се уште веруваат во промените, да гласаат за останувањето во ЕУ, затоа што промените се можни само со Велика Британија во Унијата„- порача Милибанд.

Во едно партиско излагање во Лондон, тој зборуваше за тоа зошто Британија треба и натаму да остане членка на ЕУ.

Според неговото мислење, земјата треба да биде дел од Унијата, бидејќи социјалната правда и прогресивните промени може да бидат оние големи придобивки од останувањето на Британија во ЕУ.

Милибанд ги обвини антиевропејците, главно од редовите на владечаката Конзервативна партија,  дека единствено што ги интересира е слободниот пазар и помалата регулатива, ризикувајќи ја можноста, земјата да се најде по страна од главните политички текови.

Тој и замери и на сопствената партија, за нејзиното досегашно изолирање од дебата околу референдумот и побара од лабуристите активно да се вклучат во расправата пред изјаснувањето на гласачите за три месеци.

– Референдумот е премногу значајна работа за да им биде оставена на завојуваните и поделени конзервативци, рече поранешниот лидер на лабуристите.

Милибанд поднесе оставка по поразот на парламентарните избори во мај минатата година.

Подоцна одби  да се определи околу изборот на негов наследник, а потоа и да го критикува левичарот Џереми Корбин, кој изненадувачки стана новиот лидер, како што тоа го направија другите водечки политичари од оваа партија.

Ова е негово прво јавно  реагирање на антиевропезимот и за јунскиот референдум за ЕУ.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ