Џозеф Мускат прогласи победа на парламентарните избори на Малта

Од:

Премирот на Малта и лидер на социјалдемократската Лабуристичка партија Џозеф Мускат прогласи победа на вчерашните парламентарни избори, а неговиот главен политички опонент, лидерот на христијанскодемократската Националистичка партија Сајмон Бусутли го призна поразот.

И покрај обвинувањата за корупција против Мускат, првичните резултати покажуваат дека освои доволно мандати за да продолжи да владее.

– Очигледно е дека гласачите претпочитаат да продолжиме по досегашниот пат, посочи Мускат.

Изборите беа распишани откако опозициската Националистичка партија побара од Мускат (43) да поднесе оставка поради обвиненијата за некоректни бизнис договори на неговата сопруга и на дел од неговите соработници.

Сопругата на Мускат е обвинета дека е сопственик на тајна панамска фиктивна компанија, која е користена за финансики трансакции за владејачкото семејство во Азербејџан.

Шефот на кабинет на Мускат и еден министер во неговата влада претходно признаа дека имаат непријавени компании регистрирани во Панама.

Малта, која претседава со Европска унија, е најмалата земја-членка во Унијата.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски