Џонсон: Британија ќе биде многу послаба ако се раскине унијата

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди дека Велика Британија ќе биде послаба доколу се раскине унијата на четирите нации. Тоа е уште една негова изјава со која се противи на сè погласните повици за независност на Шкотска.

Несогласувањата меѓу четирите конститутивни нации – Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија – во однос на справувањето со коронавирусот дополнително им наштетија на меѓусебните односи, нарушени од Брегзит.

Тоа посебно се однесува на Шкотска, која гласаше против излегување од ЕУ. Најновите анкети покажуваат мало, речиси незначително водство на оние кои се за независна Шкотска наспроти оние кои се за продолжување на 300-годишната унија со Англија.

– Унијата на Обединетото Кралство за мене е најголемото политичко партнерство кое светот некогаш го видел. Би било штета да се изгуби таа сила, таа магија на нашата унија, рече Џонсон.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он