„Џонс Хопкинс“: Докажана штетноста на „локдаунот“, мал ефект врз смртноста за време на пандемијата

Од:

Американски истражувачи идентификуваа непобитни докази за штетата од „локдаун“, како и итната потреба, да се забрани за време на пандемија, пренесува Фокс њуз.

Според истражувачите од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, ограничувањата наметнати во пролетта 2020 година, поради коронавирусот, имале мал ефект врз смртноста во САД и во Европа. Но, доведоа до сериозни економски и социјални штети.

Ограничениот пристап до отворени простори, особено паркови и плажи, ги натера луѓето да се состануваат во затворени простории, каде што ризикот од инфекција е многу поголем, сметаат истражувачите. Научниците критикуваат мерки, како што е задолжителната самоизолација – мерката ја намали смртноста од Ковид-19 за само 2,9 отсто, а во некои случаи, напротив, ја влошува ситуацијата.

– Задолжителната самоизолација може да го остави пациентот опкружен со своето семејство, каде што ризикува да пренесе поголемо вирусно оптоварување на своите роднини, а, тоа да доведе до посериозна болест, нагласуваат авторите.

Сепак, тие забележуваат дека стопирањето на несуштинските активности на фирмите, имало позитивно влијание, бидејќи ја намалило смртноста за 10,6 отсто.

Експертите велат дека „затворањето“ има негативно влијание врз социо-економската ситуација во САД и во европските земји. Конкретно, зголемени се стапките на невработеност, семејното насилство, како и предозирањето со дрога. Дополнително, се влоши квалитетот на образовниот процес.

Експертите заклучуваат дека политиките за „заклучување“, не се од суштинско значење и не треба да се спроведуваат за време на пандемија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски