Џон Кери на разговори во Саудиска Арабија за создавање коалиција против ИД

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска допатува во Саудиска Арабија на средба со водечки арапски лидери во обид да создаде коалиција против милитантната исламистичка група Исламска држава (ИД).

На средбите во саудискиот град Џеда на Црвено Море, Кери ќе разговара со претставниците на богатите земји од реонот на Персискиот Залив, како и на Египет, Ирак, Јордан, Либан и на Турција, како земја-членка на НАТО.

Целта на овие разговори е да се обезбеди помош и соработка од овие земји во текот на американското бомбардирање на позициите на ИД на ирачка територија, но и во Сирија.

Американскиот државен секретар во Џеда ќе има одвени средби и со високи функционери на Саудиска Арабија. Со саудиските претставници, како и со другите учесници во разговорите, ќе стане збор и за помагањето на во обуката на сириските бунтовници на територијата на Саудиска Арабија.

Во посебно соопштение на Стејт Департментот се вели дека некои од овие арапски земји веќе превземаат акции против џихадистите од ИД, но Кери сега се обидува да создаде коалиција со цел да се координираат и насочат операциите.

Во овој американски план не се предвидува вклучување и на сириските сили под контрола на претседателот Башар ал Асад.

Во својот синоќешното обраќање до американската јавност, претседателот на САД Барак Обама рече дека тој „не би се колебал“ да ги бомбардира позициите на ИД на сириска територија.

Според американскиот преседател, целта на овој план и на создавањето коалиција против ИД е да не и се доволи на оваа милитантна исламистичка група да уреди за себе „рајско место“ од каде ќе може слободно да дејствува.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски